За нас

Сообраќајниот испитен центар „Европски возач“-Штип врз основа на лиценцата која ја има добиено, врши организирање и спроведување на возачки испит за кандидат за возач и проверка на стручноста на возачите-инструктори за сите категории на возила.

Сообраќајниот испитен центар „Европски возач“-Штип го покрива регионот на СВР Штип поточно општините Штип, Кочани, Пробиштип, Свети Николе, Виница, Делчево, Берово, Пехчево и Македонска Каменица. Сдиштето на испитниот центар е во Штип, а пријавни места има во Штип, Кочани, Пробиштип, Свети Николе, Виница, Делчево и Берово.