Категории и потребни документи за пријава за полагање возачки испит

Категорија А

Опис на категоријата: Спаѓаат мотоцикли, трицикли и четирицикли чија работна зафатнина на моторот е поголема од 125 cm3 и чија сила на моторот е поголема од 11kW.

Потребни документи и услови:

    • Наполнети 18 години возраст
    • Доказ за завршено најмалку основно образование на кандидатот за возач    (фотокопија заверена на нотар)
    • Уверение за здравствената и психофизичката способност  за управување со моторно возило,  трактор и работна машина
    • Потврда за извршено оспособување на кандидатот за возач (16 м/ч)
    • Сертификат  за извршено оспособување на кандидатот за возач од областа на укажување прва помош на лица повредени во сообраќајна незгода
    • Доказ за уплатен износ на трошоци сврзани со полагање на возачкиот испит

Доколку кандидатот поседува категорија „Б“:

    • Фотокопија од возачка дозвола заверена на нотар
    • Доказ за завршено најмалку основно образование на кандидатот за возач    (фотокопија заверена на нотар)
    • Уверение за здравствената и психофизичката способност  за управување со моторно возило,  трактор и работна машина
    • Потврда за извршено оспособување на кандидатот за возач (16 м/ч)
    • Доказ за уплатен износ на трошоци сврзани со полагање на возачкиот испит

Поткатегорија А1

Опис на категоријата: Спаѓаат мотоцикли, трицикли и четирицикли, чија работна зафатнина на моторот не е поголема од 125 см3 и чија сила на моторот не е поголема од 11kW.

Потребни документи и услови:

    • Наполнети 16 години возраст
    • Доказ за завршено најмалку основно образование на кандидатот за возач    (фотокопија заверена на нотар)
    • Уверение за здравствената и психофизичката способност  за управување со моторно возило,  трактор и работна машина
    • Потврда за извршено оспособување на кандидатот за возач (16 м/ч)
    • Сертификат  за извршено оспособување на кандидатот за возач од областа на укажување прва помош на лица повредени во сообраќајна незгода
    • Доказ за уплатен износ на трошоци сврзани со полагање на возачкиот испит

Забелешка: Лицата кои се стекнале со право на управување со возило што спаѓа во поткатегоријата „А1“, по навршени 18 години возраст се стекнуваат со право за управување со возило од категоријата „ А“ без полагање возачки испит.

Категорија Б

Опис на категоријата: Спаѓаат моторни возила чија вкупна маса не надминува 3.500 kg, кои немаат повеќе од осум седишта не сметајќи го седиштето на возачот, на кои може да се придодадат приклучни возила, чија вкупна маса не надминува 750 kg, под услов вкупната маса на приклучното возило да не ја надминува масата на влечното возило или комбинации на влечни возила од категоријата „Б“ и приколка, каде што вкупната дозволена маса на комбинацијата не надминува 3.500 kg и вкупната дозволена маса на приколката не ја надминува сопствената маса на влечното возило.

Потребни документи и услови:

    • Наполнети 18 години возраст
    • Доказ за завршено најмалку основно образование на кандидатот за возач    (фотокопија заверена на нотар)
    • Уверение за здравствената и психофизичката способност  за управување со моторно возило,  трактор и работна машина
    • Потврда за извршено оспособување на кандидатот за возач (36 м/ч)
    • Сертификат за извршено оспособување на кандидатот за возач од областа на укажување прва помош на лица повредени во сообраќајна незгода
    • Доказ за уплатен износ на трошоци сврзани со полагање на возачкиот испит

Категорија „Б“ - постар малолетник:

    • Наполнети 16 години возраст
    • Да поседува лична карта
    • Доказ за завршено најмалку основно образование на кандидатот за возач    (фотокопија заверена на нотар)
    • Да има одличен успех и примерно поведение во последната завршена учебна година
    • Да има согласност од двајцата родители, законскиот застапник или старателот, заверена на нотар
    • Да има писмена согласност од психологот и педагогот од училиштето во кое учи малолетникот, а доколку во училиштето нема еден од нив и од класниот раководител на ученикот, заверена на нотар
    • Уверение за здравствената и психофизичката способност  за управување со моторно возило,  трактор и работна машина
    • Потврда за извршено оспособување на кандидатот за возач (47 м/ч)
    • Сертификат за извршено оспособување на кандидатот за возач од областа на укажување прва помош на лица повредени во сообраќајна незгода
    • Доказ за уплатен износ на трошоци сврзани со полагање на возачкиот испит

Категорија Б+Е

Опис на категоријата: Спаѓаат групи возила составени од влечно возило, кое спаѓа во категоријата „Б“ и приклучно возило, каде што таквата група возила не спаѓа во категоријата „Б“.

Потребни документи и услови:

    • Најмалку една година да поседува возачка дозвола од категорија „Б“
    • Доказ за завршено најмалку основно образование на кандидатот за возач    (фотокопија заверена на нотар)
    • Уверение за здравствената и психофизичката способност  за управување со моторно возило,  трактор и работна машина
    • Потврда за извршено оспособување на кандидатот за возач (8 м/ч)
    • Фотокопија од возачка дозвола заверена на нотар
    • Доказ за уплатен износ на трошоци сврзани со полагање на возачкиот испит

Категорија Ц

Опис на категоријата: Спаѓаат групи возила различни од тие во категоријата „Д“, чија вкупна маса е поголема од 3.500 kg на кои може и да им биде придодадено приклучно возило, чија вкупна маса не е поголема од 750 kg.

Потребни документи и услови:

    • Најмалку една година да поседува возачка дозвола од категорија „Б“
    • Доказ за завршено најмалку основно образование на кандидатот за возач    (фотокопија заверена на нотар)
    • Уверение за здравствената и психофизичката способност  за управување со моторно возило,  трактор и работна машина
    • Потврда за извршено оспособување на кандидатот за возач (20 м/ч)
    • Фотокопија од возачка дозвола заверена на нотар
    • Доказ за уплатен износ на трошоци сврзани со полагање на возачкиот испит

Категорија Ц+Е

Опис на категоријата: Спаѓаат групи возила чие влечно возило спаѓа во категоријата „Ц“, на кое може да биде придодадено приклучно возило, чија вкупна маса е поголема од 750 kg.

Потребни документи и услови:

    • Најмалку една година да поседува возачка дозвола од  категорија „Ц“
    • Доказ за завршено најмалку основно образование на кандидатот за возач    (фотокопија заверена на нотар)
    • Уверение за здравствената и психофизичката способност  за управување со моторно возило,  трактор и работна машина
    • Потврда за извршено оспособување на кандидатот за возач (8 м/ч)
    • Фотокопија од возачка дозвола заверена на нотар
    • Доказ за уплатен износ на трошоци сврзани со полагање на возачкиот испит

Поткатегорија Ц1

Опис на категоријата: Спаѓаат моторни возила што не спаѓаат во категоријата „Д“, чија вкупна маса е поголема од 3.500 kg, но не повеќе од 7.500 kg, на кои може да им биде придодадено приклучно возило и чија вкупна маса не надминува 750 kg.

Потребни документи и услови:

    • Најмалку една година да поседува возачка дозвола од  категорија „Б“
    • Доказ за завршено најмалку основно образование на кандидатот за возач    (фотокопија заверена на нотар)
    • Уверение за здравствената и психофизичката способност  за управување со моторно возило,  трактор и работна машина
    • Потврда за извршено оспособување на кандидатот за возач (20 м/ч)
    • Фотокопија од возачка дозвола заверена на нотар
    • Доказ за уплатен износ на трошоци сврзани со полагање на возачкиот испит

Поткатегорија Ц1+Е

Опис на категоријата: Спаѓаат групи возила каде што влечното возило спаѓа во поткатегоријата „ Ц1“, а приклучното возило е со маса поголема од 750 kg, со тоа што вкупната маса на групата возила не надминува 12.000 kg, а вкупната маса на приклучното возило не е поголема од масата на празното влечно возило.

Потребни документи и услови:

    • Најмалку една година да поседува возачка дозвола од  поткатегоријата „Ц1“
    • Доказ за завршено најмалку основно образование на кандидатот за возач    (фотокопија заверена на нотар)
    • Уверение за здравствената и психофизичката способност  за управување со моторно возило,  трактор и работна машина
    • Потврда за извршено оспособување на кандидатот за возач (8 м/ч)
    • Фотокопија од возачка дозвола заверена на нотар
    • Доказ за уплатен износ на трошоци сврзани со полагање на возачкиот испит

Категорија Д

Опис на категоријата: Спаѓаат моторни возила за превоз на лица, кои освен седиштето на возачот имаат повеќе од 8 (осум) седишта, на кои може да им биде придодадено приклучно возило и чија вкупна маса не надминува 750 kg.

Потребни документи и услови:

    • Најмалку две години да поседува возачка дозвола од  категорија „Ц“
    • Доказ за завршено најмалку основно образование на кандидатот за возач    (фотокопија заверена на нотар)
    • Уверение за здравствената и психофизичката способност  за управување со моторно возило,  трактор и работна машина
    • Потврда за извршено оспособување на кандидатот за возач (16 м/ч)
    • Фотокопија од возачка дозвола заверена на нотар
    • Доказ за уплатен износ на трошоци сврзани со полагање на возачкиот испит

Категорија Д+Е

Опис на категоријата: Спаѓаат групи возила чие влечно возило спаѓа во категоријата „Д“ и приклучно возило со вкупна маса поголема од 750 kg.

Потребни документи и услови:

    • Најмалку една година да поседува возачка дозвола од  категорија „Д“
    • Доказ за завршено најмалку основно образование на кандидатот за возач    (фотокопија заверена на нотар)
    • Уверение за здравствената и психофизичката способност  за управување со моторно возило,  трактор и работна машина
    • Потврда за извршено оспособување на кандидатот за возач (8 м/ч)
    • Фотокопија од возачка дозвола заверена на нотар
    • Доказ за уплатен износ на трошоци сврзани со полагање на возачкиот испит

Поткатегорија Д1

Опис на категоријата: Спаѓаат моторни возила за превоз на лица, кои освен седиштето на возачот имаат повеќе од 8 (осум) седишта, но не повеќе од 16 седишта, на кои може да им биде придодадено приклучно возило, чија вкупна маса не надминува 750 kg.

Потребни документи и услови:

    • Најмалку две години да поседува возачка дозвола од  категоријата „Ц“ или од поткатегоријата „Ц1“
    • Доказ за завршено најмалку основно образование на кандидатот за возач    (фотокопија заверена на нотар)
    • Уверение за здравствената и психофизичката способност  за управување со моторно возило,  трактор и работна машина
    • Потврда за извршено оспособување на кандидатот за возач (16 м/ч)
    • Фотокопија од возачка дозвола заверена на нотар
    • Доказ за уплатен износ на трошоци сврзани со полагање на возачкиот испит

Поткатегорија Д1+Е

Опис на категоријата: Спаѓаат групи возила во кои влечното возило спаѓа во поткатегоријата „Д1“, а неговото приклучно возило е со вкупна маса поголема од 750 kg, при што групата на возила не надминува 12.000 kg, а вкупната маса на приклучното возило не ја надминува масата на празното влечно возило и во него не може да се превезуваат лица.

Потребни документи и услови:

    • Најмалку една година да поседува возачка дозвола од  поткатегоријата „Д1“
    • Доказ за завршено најмалку основно образование на кандидатот за возач    (фотокопија заверена на нотар)
    • Уверение за здравствената и психофизичката способност  за управување со моторно возило,  трактор и работна машина
    • Потврда за извршено оспособување на кандидатот за возач (8 м/ч)
    • Фотокопија од возачка дозвола заверена на нотар
    • Доказ за уплатен износ на трошоци сврзани со полагање на возачкиот испит

Национална категорија Ф

Опис на категоријата: Спаѓаат трактори и тракторски приколки. Со дозволата за управување на возилата од оваа национална категорија, може да се управуваат и возилата кои спаѓаат во националните категории „Г“ и „М“.

Потребни документи и услови:

    • Наполнети 16 години возраст
    • Уверение за здравствената и психофизичката способност  за управување со моторно возило,  трактор и работна машина
    • Потврда за извршено оспособување на кандидатот за возач (12 м/ч)
    • Доказ за уплатен износ на трошоци сврзани со полагање на возачкиот испит

Национална категорија Г

Опис на категоријата: Спаѓаат работни машини. Со дозволата за управување со возила од оваа национална категорија, може да се управуваат и мотокултиватори.

Потребни документи и услови:

    • Наполнети 16 години возраст
    • Уверение за здравствената и психофизичката способност  за управување со моторно возило,  трактор и работна машина
    • Потврда за оспособување од прописите за безбедноста на сообраќајот на патиштата (12 м/ч)
    • Доказ за уплатен износ на трошоци сврзани со полагање на возачкиот испит

Забелешка: За оваа категорија се полага само теоретскиот дел од возачкиот испит.

Национална категорија М

Опис на категоријата: Спаѓаат мотокултиватори и приклучни возила што ги влечат мотокултиваторите, велосипеди со помошен мотор, мопеди, лесни трицикли и лесни четирицикли.

Мотокултиватор е моторно возило со една или две осовини, чија најголема сила на моторот е 12 киловати и кое е конструирано така да носи, влече или потиснува разни менливи приклучоци и орудија или да служи за погон на такви орудија или за влечење на лесна приколка.

Велосипед со помошен мотор е возило со погон на педали, кое како дополнување може да има мотор со внатрешно согорување со работна зафатнина не поголема од 50 см3 или електромотор со најголема континуирана излезна сила од 0,25 kw, при што дејството на моторот се исклучува кога брзината ќе достигне до 25 км/ч или ако велосипедистот го прекине дејствувањето на педалата.

Мопед е возило на моторен погон со две или со три тркала,чија работна зафатнина на моторот со внатрешно согорување не е поголема од 50см3, односно силата на електромоторот не поминува повеќе од 4kw и чија брзина на рамен пат е ограничена најмногу на 45 км/ч.

Лесен трицикл е возило на моторен погон со три тркала симетрично поставени по должината на оската на возилото, чија работна зафатнина на моторот со внатрешно согорување не е поголема од 50 см3 и чија најголема дозволена брзина не е поголема од 45 км/ч.

Лесен четирицикл е возило на моторен погон со четири симетрично поставени тркала, чија маса не е поголема од 35о кг (без батерија и со сила на моторот не поголема од 4 киловати ако возилото е на електричен погон), чија работна зафатнина на моторот со внатрешно согорување не е поголема од 50 см3 и чија конструкциски дозволена брзина не е поголема од 45 км/ч.

Потребни документи и услови:

    • Наполнети 14 години возраст
    • Да е здравствено и психофизички способно за управување (се докажува со изјава на родител-старател, ако лицето не наполнило 18 години)